Прескокни на содржина
zevs.mk · демо отворено

Членарини, доаѓања и долгови — на еден екран.

ZEVS е софтвер за теретани и фитнес центри. Рецепцијата знае кој влегол за три секунди, ти во секој момент знаеш кој должи и кому му истекува членарината. Без тетратка, без Excel, без „ќе ти јавам утре".

Демо теретана со ~45 членови. Слободно кликај, се ресетира секоја ноќ.

0секунди по чек-ин
0улоги со свои права
0база по теретана
Зошто воопшто

Тетратката знае кој платил. Не знае кој не.

Додека теретаната е мала, тетратката работи. Потоа доаѓа стотиот член, втора смена на рецепција, и одеднаш никој не знае кому му истекла членарината минатата недела.

Без софтвер

  • Членарини во тетратка, уплати во друга тетратка, долгови во глава
  • Рецепцијата прелистува страници додека членот чека на врата
  • Истечените членарини се забележуваат дури кога некој ќе дојде да вежба
  • Потсетник испраќаш кога ќе се сетиш — обично предоцна
  • Сопственикот не го знае приходот додека не седне да собира
  • Кога рецепционерот ќе замине, знаењето заминува со него

Со ZEVS

  • Член, членарина, уплата и долг — еден запис, една вистина
  • Чек-ин: kucaš ime, Enter, gotovo
  • Истекот се гледа пред да се случи, во листата „истекува за 7 дена"
  • Потсетниците одат сами, по правило што ти го поставуваш
  • Приходот за месецот и листата долгови — отвораш и гледаш
  • Сè останува во системот, без разлика кој е таа вечер на рецепција
Модули

Вклучуваш само тоа што ти навистина треба

Тргнуваш од основата — членови, членарини, чек-ин. Останатото се вклучува кога теретаната ќе порасне, без миграции и без прекин на работата.

Основен

Членарини

  • Планови на период или на број доаѓања
  • Цена по план, со рачна корекција кога треба
  • Статуси: активна, истекува, истечена, замрзната, откажана
  • Замрзнување за болест и годишен одмор
  • Историја на секоја членарина по член
Основен

Чек-ин

  • Пишуваш име или телефон, Enter — членот влезе
  • Веднаш се гледа статусот и колку посети останале
  • Член без важечка членарина бара потврда од рецепција
  • Листа на денешни доаѓања во реално време
  • Влезот „на збор" се запишува, не се губи
Основен

Уплати и долгови

  • Готовина, картичка или уплата на сметка
  • Делумни уплати — долгот се пресметува сам
  • Уплатата се врзува за конкретна членарина
  • Листа долгови со износ и контакт
  • Се гледа кој ја внел уплатата и кога
Основен

Потсетници

  • Автоматска порака пред истек на членарина
  • Ноќната задача сама ги означува истечените членарини
  • Ред за испраќање — ништо не се губи ако пораката падне
  • Ги прескокнува оние што веќе обновиле
Основен

Извештаи

  • Приход по месеци, со број на уплати
  • Нови членови по месец
  • Распределба на активните по планови
  • Листа долгови, подредена по износ
Наскоро

ПТ, групни и портал

  • Персонални тренинзи и пакети со тренер
  • Групни термини со пријава и листа на чекање
  • Портал за членови: своја членарина и доаѓања
  • Јавна страница на теретаната со ценовник
Кој што гледа

Пет улоги, пет различни екрани

Рецепционерот не треба да го гледа приходот, а тренерот не треба да ги менува цените. Секој добива точно тоа што му треба за работа — и ништо повеќе.

Сопственик

Сè. Приход, долгови, планови, персонал, модули.

Администратор

Секојдневно водење на теретаната, без сопственички поставки.

Рецепција

Чек-ин, членови, запишување членарина и уплати. Без извештаи.

Финансии

Уплати, долгови и извештаи. Без допирање на членарините.

Тренер

Свои членови и доаѓања. Без пари и без поставки.

Како почнуваш

Од договор до првата смена — истиот ден

Не се инсталира ништо. Работи во прелистувач, на компјутерот на рецепција и на твојот телефон.

01

Ја поставуваме теретаната

Ја креираме твојата база, ги внесуваме плановите и цените, отвораме сметки за персоналот. Ти само даваш список.

02

Ги префрламе членовите

Постојните членови и нивните членарини ги внесуваме заедно — од Excel, тетратка или стара програма.

03

Рецепцијата работи

Обуката трае една смена. Чек-ин учи секој, останатото доаѓа само од себе.

Податоци

Твоја база. Не споделена, твоја.

Списокот на членови е најдрагоценото што теретаната го има. Затоа не стои во заеднички сад со останатите клиенти.

Одвоена база

  • Секоја теретана има сопствена база со свој пристап
  • Податоците на две теретани не можат да се сретнат — ниту по грешка
  • Шифрирана врска (HTTPS) на секој чекор
  • Дневни резервни копии

Излезот е секогаш отворен

  • Извоз на сите податоци на твое барање, во секој момент
  • Обработка усогласена со Законот за заштита на личните податоци
  • Податоците на членовите не ги споделуваме и не ги продаваме. Никому.
  • Без договорна обврска на една година
Демо

Влези и пробај, без регистрација

Демо теретаната е наполнета со реални податоци — околу 45 членови, членарини во сите состојби, уплати и долгови. Се ресетира секоја ноќ, па не можеш ништо да расипеш.

Демо сметки

секоја улога гледа своја верзија на апликацијата — вреди да влезеш барем во две

теретана  demo
лозинка   demo1234
admin@demo.mk  — администратор
рецепција@demo.mk  — рецепција
финансии@demo.mk  — финансии
тренер@demo.mk  — тренер
Отвори демо →

За твојата теретана

цената зависи од бројот на членови и модулите што ги вклучуваш

  • Поставување на теретаната и пренос на членови — вклучено
  • Месечна претплата, без обврска за траење
  • Попуст за квартално и годишно плаќање
  • Модулите се вклучуваат и исклучуваат без надомест
  • Надградбите на системот се вклучени
Побарај понуда
Контакт

Кажи ни колку членови имаш

Врз основа на тоа испраќаме понуда и предлог како да ја префрлиме постојната евиденција. Првиот разговор и процената се бесплатни.

Работиме со теретани низ цела Македонија
Одговор во рок од 24 часа во работни денови

Со испраќање прифаќаш политиката за приватност.

Прашања

Она што најчесто нè прашуваат

Што ако веќе водиме евиденција во Excel?

Уште подобро — префрлањето тогаш е работа од половина час. Постојните членови и активните членарини ги внесуваме заедно при поставувањето, така што првиот ден почнуваш со полна база, а не од нула.

Дали е потребен посебен уред за чек-ин?

Не. Работи на кој било компјутер, таблет или телефон со прелистувач. Рецепционерот го пишува името и притиска Enter. Читачи на картички и рампи доаѓаат подоцна, кога ќе има потреба.

Што се случува кога на членот му истекува членарината?

Ноќната задача автоматски ја означува како истечена и ја внесува во листата за потсетници. Ако членот сепак дојде, чек-ин ќе ја предупреди рецепцијата; влезот може да се одобри, но останува запишан како влез без важечка членарина — па потоа се гледа колку често се случува тоа.

Дали рецепцијата може да види колку заработува теретаната?

Не, освен ако не одлучиш поинаку. Улогата „рецепција" има пристап до чек-ин, членови и запишување уплати, но не и до извештаите за приход. Правата се одредуваат по улога и се спроведуваат на серверот, не само со криење копчиња.

Што ако имаме повеќе објекти?

Секој објект може да работи како посебна теретана со своја база, или како една целина — зависи од тоа дали членарината важи на сите локации. Кажи ни како работиш и така ќе го поставиме.

Дали сме врзани со договор?

Не. Претплатата е месечна, без обврска за траење. Извоз на сите податоци добиваш на барање, и при раскинување на соработката.

ZEVS

Влези во демото и за пет минути ќе знаеш дали ти се исплати. Ако ти се исплати, јави се.

Влези во демо → Побарај понуда